Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите по двете победи над Келце и Динамо Букурешт.
Организаторот на турнирот по завршувањето на финалниот меч од групата, ја прогласи најдобрата седморка.
Меѓу најдобрите седум се најдоа тројца ракометари на Еурофарм Пелистер – левиот бек Јован Марковски, средниот бек Алем Хаџиќ и левото крило Леонид Лозановски.
Битолчани ќе играат на Ф4 во Келн во „Ланксес Арена“ на 14 и 15 јуни, а меѓу можните ривали се Веспрем, Барса и ГОГ Гудме.
ИСТОРИЈА: Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите!
Сите детали за Ф4 – еве ги можните ривали на пелистерци, каде и кога се игра…