Партизан Гевгелија триумфално против Аеродром, Текстилец падна во Струмица

Ракометарите на Партизан Гевгелија запишаа нова победа во плеј-аутот од Првата лига, откако славеа на гости кај Аеродром со 41-34.

Домаќините парираа на стартот на мечот, но до паузата гостите успеаја да направат солидна залиха, 23-17. Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.

Горан Лисичков со 11 и Јован Гетов со девет погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот состав, додека кај Аеродорм по седум гола имаа Димитар Босилковски и Андреј Ниновски.

Астраион славеше против Текстилец со 32-30 во Струмица. Гостите парираа одлично во првиот дел, но попуштија во финишот кога струмичани се одлепија на 31-25.

Штипјани не се откажуваа и беа упорни, намалија на 31-30, но немаше време за нешто повеќе на овој меч, откако Јовановски го постигна победничкиот гол.

Најдобри стрелци кај победникот беа Стојанов со седум и Аргиров со шест гола, додека кај Текстилец, Филип Џинес се истакна со 13 погодоци.