По кадетките, и кадетите на Шпанија го освоија трофејот на Медитеранското првенство кое се играше во Тунис.
Во финалето, „фуријата“ беше подобра од Хрватска и славеше со 34-26, а ги доби сите три периоди – 13-7, 10-9, 11-10.
Играа 11 репрезентации од три континенти – Африка, Азија и Европа, поделени во две групи, а стандардно се игра во три третини по 15 минути.
Шпанците собираа бодови во групата А по победите над Египет, Србија, Романија и Турција, додека во групата доминираше Хрватска, која имаше максимален скор и победи над Италија, Кувајт, Црна Гора, Грција и Тунис.