Исланд по вториот триумф над Израел во баражот, си обезбеди трето учество на Мундијалот, второ по ред, откако во 2023 година беше дел од СП во Данска, Норвешка и Шведска.
Островката земја на првиот натпревар триумфираше со 39:27 и на денешниот реванш дуел само ја потврди фаворитската улога, без многу напор, победи со 31:21.
Репрезентацијата на Хрватска пред својата публика во Копривница успеа минимално да ја совлада Шпанија со 27:26.
Иако избраничките на Ивица Обрван имаа предност од 17:12 на полувреме, а во еден момент и плус шест, сепак, гостинките се вратија во второто полувреме и со минимален пораз ги задржаа шансите за пласман на Светското првенство.
Австрија со одлична игра во финишот ја надигра Турција и славеше со 36:29 (13:13), па така Австријките се на чекор до мундијалска виза.
Чешка и Шведска остварија убедливи победи против Украина, односно Косово, и реваншите ќе бидат само чиста формалност.
Репрезентативките на Чешка славеа над Украина со 35:19, додека скандинавската селекција го декласираше Косово со 51:16.
Бараж дуели за СП, резултати:
Израел – Исланд 27-39, 21-31
Австрија – Турција 36-29
Хрватска – Шпанија 27-26
Чешка – Украина 35-19
Шведска – Косово 51-16
Освен бараж натпреварите, денеска се одиграа и две пријателски средби. Унгарија го совлада Бразил со 31:27, додека Франција беше подобра од Холандија со 31:25.