Битолски квартет првпат ќе игра за националниот тим во родниот град!

Четири македонски репрезентативки – Ангела и Марија Јанкуловски, Емилијана Ризоска и Симона Маџовска за првпат ќе играат во дресот со националниот грб пред своите сограѓани.

Тоа сигурно ќе биде мотив плус за нив да се покажат во одлично издание и да ги израдуваат сите битолчани, но и сите Македонци.

Дамите последен пат играа надвор од Скопје во 2006 година, кога во Куманово го пречекаа Исланд во плеј-офот за ЕП 2006.

Реванш натпреварот меѓу Македонија и Полска ќе се игра на 12 април во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.

На првата средба одиграна во Кошалин, Македонија загуби со 22-18.