Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски по една деценија на крајот од оваа сезона ќе си замине од тимот на Вецлар, а раководството на германскиот тим веќе ја најде замената.
Станува збор за Владан Јордовиќ, кој работи во академијата на унгарскиот тим ПИК Сегед, а од лето ќе му биде асистент на Момир Илиќ, пишува „Моцарт Спорт“.
Покрај Миркуловски, на крајот на оваа сезона од Вецлар заминува и тренерот Франк Карстенс, потоа Домен Новак, Владимир Врањеш, Жолт Краковски, Тил Климпке…
Нови ракометари кои досега ги потврди бундеслигашот се пикерот Јосип Симиќ, десното крило Сирил Акапо, како и чуварот на мрежата од Холандија, Барт Раверсберген.