Седумдневна жалост во Македонија, нема ракомет цела недела!

По огромната трагедија што се случи во Кочани и ја потресе Македонија во текот на вчерашниот ден, Владата донесе одлука за седумдневна жалост.

Пожарот во кочанската болница што однесе голем број човечки животи, беше причина за прогласување на седумдневна жалост, што ќе трае до 23 март.

Тоа значи дека одложените прволигашки натпревари од 18 коло , Кичево – Металург РА, Астраион – Мулти Есенс и Јехона – Овче Поле ќе се доиграат по тој датум.

РФМ го најави извлекувањето на редните броеви за плеј-офот и плеј-аутот во Првата лига, но и тоа ќе биде одложено, а првото коло од оваа конкуренција што беше закажано за 22/23 март ќе биде поместено за некој ден.

Исто така требаше да има суперлигашко коло, последно од регуларниот дел на 22/23 март, но и тоа ќе се одигра во текот на последната недела од март.

Кај дамите ќе бидат поместени две кола, бидејќи требаше да има и вонредно коло на 19 март во среда, па тие ќе играат во забрзан ритам по 23 март.

Сите овие промени и новите датуми за одложените натпревари во сите конкуренции треба допрва да ги потврди РФМ.