Минута молк пред мечот меѓу Словенија и Македонија

Машката репрезентација денеска треба да го одигра вториот натпревар против Словенија од квалификациите за ЕП 2026, но тој ќе мине во сенка на огромната трагедија што ја потресе Македонија утринава.

Засега е потврдено дека ќе има минута молчење пред стартот на натпреварот во салата „Бонифика“ во Копер, а најавено е дека ракометарите ќе носат црна лента на тренерките при претставувањето и загревањето.

Натпреварот меѓу Словенија е закажан за вечерва во 18:30 во салата „Бонифика“ во Копер, а билетите се распродадени пред три дена.

На првата средба во Скопје, Словенците славеа со 32-26.