Екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на 21. коло од Супер лигата на свој терен без многу проблеми славеше против Бутел Скопје со 34:25.
Домашниот тим на денешниот натпревар настапи со комбиниран состав, а младинскиот репрезентативец Давид Брестовац го имаше своето деби за актуелниот шампион.
Младиот голман целосно ја оправда дадената минутажа и натпреварот го заврши со десет одбранети удари.
Брестовац во Битола пристигна кон средината на месец февруари и потпиша договор на две и пол години со битолскиот тим.