Полска трипати загуби во „Златната лига“ пред бараж двомечот со Македонија

Покрај двомечот меѓу Македонија и Србија во ЕХФ неделата, низ Европа се играа уште многу пријателски натпревари.

Ривалот на Македонија во баражот за СП 2025, Полска, беше дел од „Златната лига“ и загуби на трите меча од силните Холандија, Норвешка и Данска.

Но не беа инфериорни избраничките на Арне Сенстад, особено на средбите со Холандија и Норвешка, кои ги загубија со по четири гола разлика.

Зима и Плачек имаа солидни партии на голот, десното крило Балсам и десниот бек Кобилинска беа главни во нападот на овие два меча, па јасно е од каде доаѓа најголемата опасност кон македонскиот гол пред бараж двомечот.

На последниот меч со Данска, Сенстад комбинираше со составот, па затоа поразот е убедлив, 29-17.

Првиот меч меѓу Македонија и Полска се игра во градот Кошалин на 9 април, додека реваншот е во Битола на 12 април.

Пријателски натпревари:

Холандија – Полска 26-22
Данска – Норвешка 29-26
Германија – Франција 25-28
Шведска – Романија 36-28
Шпанија – Аргентина 28-25
Швајцарија – Чешка 28-26
Србија – Македонија 34-21
Унгарија – Украина 35-16
Србија – Македонија 35-28
Хрватска – Словенија 22-20
Aвстрија – Аргентина 25-26
Норвешка – Полска 32-28
Данска – Холандија 31-33
Шведска – Романија 26-25
Франција – Германија 30-29
Шпанија – Австрија 32-25
Швајцарија – Чешка 25-26
Полска – Данска 17-29
Холандија – Норвешка 32-30