Еден од најдобрите репрезентативци на Унгарија, искусниот Габор Анчин, соопшти дека се повлекува од националниот тим и во иднина ќе се посвети само на клупските настапи.
Членот на Ференцварош во сениорската репрезентација на Унгарија дебитираше во 2009 година, и од тој период, па до денес, има одигра 173 меѓународни натпревари.
Анчин на дел од натпреварите ја носеше капитенската лента, а најголемиот успех со Унгарија го постигна на Светското првенство во Египет (2021) и на последното Европско првенство.
На споменатите натпреварувања, унгарската репрезентација настапот го заврши на петтото место. 34-годишниот ракометар имаше можност да игра и на најголемата спортска манифестација во светот – ОИ.