„Сино-белите“ од Автокоманда победнички во Куманово

Тимот на Кире Лазаров во натпревар од 21. коло на Супер лигата убедливо триумфираше над Куманово со 41:27.

Гостите од Автокоманда победата ја најавија веќе во првото полувреме, кое го добија со 17-10.

Домаќините се надеваа на подобро издание пред својата публика, но разликата во квалитет меѓу двете екипи беше очигледна уште во првите 30 минути.

Најефикасен во победничката екипа беше Александар Петковски со 13 погодоци, пет имаше Дамјан Митев, а во поразениот табор прво име беше Џанкарло Фелипе Хен со десет погодоци.

За третопласираниот тим од минатата сезона, ова беше 19-та победа, додека Куманово го забележа 16-тиот пораз.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186