Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 и 4 коло од квалификациите за ЕП 2026.
Покрај Николов и Начевски, задача од ЕХФ добија и Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои ќе патуваат во Србија.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Израел и Романија, кој ќе се одигра на неутрален терен во српскиот град Краљево, поради тоа што ЕХФ се уште не дозволува Израелците да играат на домашен терен.
Натпреварот е закажан за 13 март во спортската сала „Ибар“ во Краљево од 21:00 часот, а делегат ќе биде Касуниќ од Хрватска.