Војводина до сензационално реми кај Мелсунген – на чекор до ТОП 12 во ЛЕ!

Иако многумина ја отпишаа предвреме сепак, Војводина остана во игра за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа, откако успеа да извлече реми во Германија.

Клубот од Нови Сад во претпоследното, 3. коло од главната фаза му гостуваше на Мелсунген, возбудливиот натпревар заврши без победник, 26:26, па ремито можеби е најреален исход од денешната средба.

Српскиот шампион одигра одличен натпревар, беше и пред победа, но домаќините на десет секунди пред крајот преку Менсинг дојдоа до нерешен резултат.

Најефикасни во таборот на Војводина беа Ахмед Хусеин и Стефан Додиќ, двајцата имаа по пет погодоци, додека Фран Луцин блескаше меѓу стативите со 14 интервенции.

Војводина во последното коло на свој терен го пречекува Порто и со евентуална победа ќе обезбеди осминафинале. Мелсунген и Кил со меѓусебен натпревар ќе одлучат која од двете екипи ќе обезбеди директно место во четвртфиналето.

Лига на Европа, главна фаза, 3. коло, резултати:
ГУМЕРЗБАХ – ТАТАБАЊА 33-27
ТУЛУЗ – ФЛЕНСБУРГ 35-35
ИШТАД – БЕНФИКА 37-33
БИДАСОА – ЛИМОЖ 35-30
ГРАНОЉЕРС – ЛУЦЕРН 31-29
МЕЛСУНГЕН – ВОЈВОДИНА 26-26
МОНПЕЛЈЕ – ГОГ 30-28
ПОРТО – КИЛ 30-35

Бенфика поразена од Иштад, екс вардарецот Диало херој на Тулуз во ремито со Фленсбург