Охрид го „преспа“ првото полувреме – на крај освои само бод против Пролет!

Охрид не успеја целосно да ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Скопје, почна вистински да игра дури после 45 минута од натпреварот кога успеа да го преземе водството и на крај да одигра нерешено, 23-23 (12-8) кај Пролет.

Домашните беа убедливи и прецизни во првото полувреме, и тоа им донесе и предност од „плус 5“ во 23 минута (11-6). Охрид делуваше непрепознатливо, а делумен виновник за лошата реализација на гостите беше домашниот голман Андреј Петковски кој имаше 6 интервенции, сите во период кога Пролет ја правеше разликата.

Покажаа домашните дека имаат квалитет да изненандат некој фаворити, ама немаа сила и концентрација, па и „долга клупа“ да може да играат исто темпо 60 минути.

Имаше што да им каже тренерот Стефче Алушовски на своите соиграчи во соблекувалната, и веројатно советите стигнаа до нив. Само што почна второто полувреме предноста на Пролет почна да се топи. Во 42 минута Гал Цирар го израмни резултатот на 15-15, а потоа следуваше серија со која гопстите зголемија на 18-15.

Се разбуди Теимураз Орјоникидѕе кој само во второто полувреме даде шпет гола од неговите на мечот. Го имаа охриѓани расположениот Градимир Чаневски кој нанижа 4 интервенции, а неговите соиграчи зголемија на три гола предност. Таа разлика беше и кога мечот влезе во последните десет минути.

Наместо мирна завршница Охрид дозволи неговата предност да се стопи и во полседната минута домашните да имаат напад за израмнување, 23-23. Го реализираа тој напад и на Охрид му останаа 20-тина секунди да организира напад за победа. Но, немаше реализација, туку удар од 9 метри, по истекот на времето.

Теимураз Орјoникидѕе упати удар покрај самата статива, и тимовите ги поделија бодовите, 23-23.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186