Укината суспензијата за Мартинс!

Португалскиот репрезентативец Мигел Мартинс ќе може да се врати на ракометните терени веќе викендов.

Тој беше позитивен на допинг тест кој покажа зголемен тестостерон, но примерокот Б не го потврди тоа, па суспензијата веднаш е укината.

Португалецот може да се врати на терен викендов на натпреварите од завршниот турнир од Купот на Данска.

Средниот бек поради позитивниот тест го пропушти настапот на Светското првенство, но и без него Португалија стигна до полуфиналето.