Дубочица на Иваноски немаше сили за изненадување во Нови Сад

Екипата на Дубочица, во која настапува Михаил Иваноски, беше поразена од актуелниот шампион на Србија, Војводина, со 34:25.

Клубот од Нови Сад до убедливиот триумф дојде со одличната игра во вторите 30 минути, откако на полувреме имаше предност од плус три, 15:12.

Иваноски во дадената минутажа имаше два погодоци од три обиди, а зад своето име запиша и една асистенција.

Дубочица во следното 16. коло од најквалитетното српско натпреварување на свој терен ќе ја пречека Црвена Ѕвезда.