Тажна вест ја потресе српската ракометна сцена, откако по тешко боледување почина Никола Лазиќ.
Лазиќ ја загуби битката за својот живот на 36 години, а дел од својата ракометна кариера ја помина во странство.
Низ Европа играше во неколку шампионати, настапуваше и во Африка и Азија, и важеше за еден од подобрите интернационалци.
Во Србија беше дел од Партизан, Црвена Ѕвезда, Динамо Панчево, Раднички Крагуевац, Уба и Пролетер.