Хрватскиот репрезентативец Матео Мараш немаше време за одмор по завршувањето на Светското првенство и финалето против Данска.
По дуелот во неделата, хрватските репрезентативци имаа пречек во понеделникот во Загреб, а веќе во вторникот дел од нив им се приклучија на клубовите.
Таков беше случајот со Мараш, кој не доби поштеда од тренерот Кристијан Угалде и вчера настапи за неговата Татабања на куп-дуелот против Комло.
Татабања славеше убедливо со 29-25, а некогашниот десен бек на Еурофарм Пелистер беше меѓу најдобрите и даде осум гола.