Некогашниот селектор на Maкедонија и Хрватска, Лино Червар, по настапот на Мундијалот, потенцираше дека имаше начин да се триумфира против Данска.
Червар тврди дека со одбрана каква што играше Хрватска на мечот од СП 2023 што заврши реми, сега ќе можеше да извлече подобар резултат.
„Многу ми е драго што ракометот се врати дома, што се вративме на врвот на светот. Можевме ли да ја победиме Данска во финалето? Можевме. Како? Со одбрана каква што ѝ одигравме на СП 2023 кога резултатот беше 32-32. И таму игравме одбрана 5-1, но малку поразлична од онаа со Мамиќ. Како преден беше Јелиниќ. Не знам дали нашиот стручен штаб ги гледаше снимките од тој натпревар, но тоа беше можеби единствениот начин да се запре Данска. Но, без разлика, среброто е голем успех. Што се однесува до ова СП, посебно сјајна беше нашата играпротив Франција. Малку тие ни помогнаа што напаѓаа средината на нашата одбрана каде има двометраши. Данците беа лукави, па ја ширеа нашата одбрана и погодуваа главно од крила“, изјави Червар за „Вечерњи“.
Хрватите по пауза од 12 години освои одличје на Мундијалите.