Репрезентацијата на Хрватска го освои сребрениот медал на Светското првенство 2025, откако во финалето беше поразена од Данска.
Избраниците на Дагур Сигурдсон немаа речение за старо-новиот светски шампион, но за освоеното сребро ќе бидат парично наградени.
Имено, Министерството за спорт и туризам на Хрватска ќе им исплати бонуси на ракометарите за освоениот медал на Светското првенство.
Секој репрезентативец ќе добие по 12.500 евра од државата за среброто, а исто толку ќе добие и селекторот Дагур Сигурдсон.
Остатокот од стручниот штаб на ,,коцкестите” ќе ја подели сумата од 17.000 евра.