Репрезентацијата на Хрватска имаше успешен настап на Светското првенство 2025, на кое беше еден од ко-организаторите на Мундијалот.
Хрватите под водство на Дагур Сигурдсон обезбедија финале, а во борбата за златото беа поразени од Данска со 32:26.
Искусниот стратег по загубеното финале најави дека останува на кормилото на ,,коцкестите”.
„Дојдов во Хрватска поради енергијата и емоциите. Навистина сум среќен, се чувствувам препородено по натпреварите во Загреб. Дојдов да помогнам хрватскиот ракомет да се врати на врвот, а сега се приближивме до таа цел. Во следниот период треба да се фокусираме и да го составиме најдобриот тим за Олимписките игри, останувам на селекторското место, тоа не е доведено во прашање”, изјави Сигурдсон.
За Хрватска среброто од Осло е 6-от освоен медал на Мундијалите од својата независност.