Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Данците реагираат: На Хрватите некој треба да им каже дека вака не се игра ракомет…

Селекцијата на Данска уште еднаш немаше вистинска конкуренција на Мундијалот и успеа да го освои четвртото злато по ред.

Данците во Осло играа како на домашен терен и ја совладаа Хрватска со 32-26, а левиот бек Симон Питлик, имаше што да каже за противниците по мечот.

„Некој треба да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Може тоа да им помине во Загреб каде судиите беа на нивна страна, но тука не. Прекршоците кои ги правеа беа луди, само така можат да не победат. На крајот планот не им успеа бидејќи ние бевме попаметни. Добија глупави исклучувања и играа со премногу емоции. Играа добар ракомет на овој турнир, но тоа не е доволно против нас“, изјави Питлик.

За Данска ова беше продолжување на доминацијата на светската ракометна сцена и по СП 2019, СП 2021 и СП 2023, го реши во своја полза и Мундијалот 2025.