Кузмановски е петти најдобар стрелец на СП!

Репрезентацијата на Данска со победата над Хрватска од 32:26 успеа да го освои четвртото злато во низа на Мундијалите.

Данецот Матијас Гидсел, освен што беше прогласен за МВП на Мундијалот, заврши и како најдобар стрелец.

Гидсел на девет одиграни натпревари постигна 74 погодоци, а нашиот Филип Кузмановски остана во ТОП 5 стрелците на СП.

Иако Кузмановски со Македонија одигра само шест натпревари, сепак, со 49 погодоци се позиционираше на 5. позиција.

Кога сме веќе кај стрелците, рекордот на најмногу постигнати голови го држи Кирил Лазаров, кој во 2009 година броеше до 92.