Репрезентацијата на Хрватска утре во Осло ќе се бори за златото на Светското првенство 2025.
Ривал на Хрватска ќе биде актуелниот светки првак – репрезентацијата на Данска, која ќе посакува 4-то злато во низа на Мундијалите.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, во изјава за хрватските медиуми најави дека на утрешното финале можно е да настапи Лука Циндриќ.
Екс ракометарот на Металург и Вардар се повреди на стартот на Мундијалот и не беше во можност да им помогне на своите колеги во најважните битки.
Утрешното финале меѓу Данска и Хрватска е на програмата од 18:00 часот, додека од 15:30 часот играат Португалија и Франција за трето место.