Екипата на Пролет полека го комплетира составот за најважниот дел од тековната сезона.
Пролет, кој е еден од потенцијалните кандидати за пласман во плеј-оф сегментот од Супер лигата, се засили со искусно лево крило, дознава 24Ракомет.
Станува збор за Есад Дрпљанин, кој во својата кариера настапуваше за екипите на Голден Арт, Шампион, Бутел Скопје…
Претходно Пролет ангажираше четворица играчи – Стефан Јовевски, Јован Фичорски, Стефан Атанасовски и Никола Стоилевски.
Како што е познато, Пролет има шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите шест екипи, а пролетниот дел од сезоната ќе го започне со Никола Матлиески на клупата.