Селекторот на машката репрезентација на Австрија, Алеш Пајовиќ, би требало да биде новиот тренер во бундеслигашот Фленсбург, пренесува „Билд“.
Искусниот стратег од Словенија на кормилото на Австрија е од 2019 година и успеа со своите избраници да оствари забележителни резултати на големите натпреварувања.
Австрија на Европското првенство минатата година беше едно од најголемите изненадувања и настапот на континенталниот собир го заврши во ТОП 8, а исто така, ја освои 8. позиција и на ЕП во 2020.
Пајовиќ во својата играчка кариера настапуваше за Целје, Магдебург, Кил, Атлетико Мадрид…За репрезентацијата на Словенија одигра над 175 меѓународни натпревари и запиша над 690 погодоци.
Фленсбург веќе подолг временски период се обидува да најде замена за Данецот Николај Крикау, тимот до зимскиот период го водеше Љубомир Врањеш, а имаше шпекулации дека Дагур Сигурдсон е меѓу потенцијалните кандидати за тренерското место.