Македонија одигра драматичен натпревар против селекцијата на Австрија, кој на крајот заврши со поделба на бодовите.
Десниот бек Мартин Велковски потенцира уште еднаш дека Македонија може да се носи со најдобрите европски селекции.
„Австрија беше навистина тежок ривал. На почетокот беше полесно кога игравме шест на шест, а знаевме кое е нивното најсилно оружје. Се обидовме да бидеме агресивни за да ги натераме на грешки, но беше многу тешко. На крајот дојдовме до бод исто како против Унгарија. Потрошивме многу енергија само за бод, но се подобруваме и покажуваме дека можеме да се бориме против најдобрите европски селекции“, изјави Велковски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Катар на 23 јануари од 15:30 часот.