Костески посакува: Да и се реваншираме на Холандија за поразот од Краков

По тешкиот рововски меч со Унгарија, кој заврши со реми, 27-27, за Македонија следува уште еден директен дуел, за пласман во следната фаза на СП, но и можност со бодови да се продолжи понатаму. Холандија утре попладне (18 ч. МТВ пренос) е противник кој е наш стар должник.

Тој дуел за нас е многу важен. Со бодови од таа средба, сигурно ќе се пласираме во главната фаза, па дури и ќе пренесеме бодови со кои сигурно ќе се вклучиме и во броба з аповисок пласман. Од друга страна чекавме и сега имаме шанса за реванш, откако во 2023 во јануари на СП во Полска, бевме поразени убедливо, 24-34 токму од Холандија.

Ден одмор за нашите ракометари исполнет со анализа на противникот, иако тие во првото коло играа со аутсајдерот Гвинеја. Сите сакаат да се заборави првиот меч со Унгарија, да се фокусираат на Холандија.

„Заврши тој меч со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги тргбавме на страна за да ги подобриме. Утре не очекува брза и спремна репрезентација, Холандија. Ги анализираме, имаме доволно време да гледаме видео, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта, вели Ненанд Костески, крилото во репрезентацијата.

Се очекува сега да биде поинаква средба од онаа со Унгарија. „Лалињата“ негуваат побрз ракомет.

„Унгарија и Холандија се екипи со различни стилови на игра. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ќе мораме да биде добри во враќање во одбраната да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и со самото тоа ќе дојдеме до позитивен резултат и ќе победиме, вели Костески.

Не е заборавен Краков, а сега можеме да покажеме колку сме напредувале и дека се подготвени за наплата.

„Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека сме во нагорна линија, напредуваме и индивидуално и тимски, и јас ја гчедма шансата и се надевам напобеда и да се израдуваме сите Тоа ќе биде голем чекор на ова СП, вели Костески.