Кузмановски: Покажавме како треба да се игра за Македонија

Машката репрезентација на Македонија одигра драматичен натпревар на стартот на СП 2025 со селекцијата на Унгарија, 27-27.

Иако имаше шанса да победиме, сепак на крајот селекторот Лазаров и неговите избраници мораа да се задоволат со бод.

„Изгинавме на теренот против една одлична спремна репрезентација. Беше тешко да се игра 60 минути, но добро ги анализиравме и покажавме дека може да се носиме со нив. Ќе бидеме скромни, но ни фалеше малку среќа да дојдеме до победа. Покажавме како се игра за Македонија, нашата публика ни беше ветер во грб на целиот меч. Ни следува меч со Холандија, посакувам само да го повториме овој меч и да се радуваме“, изјави капитенот.

Следен предизвик на 17 јануари за Македонија ќе биде дуелот со селекцијата на Холандија.

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија

 

Костески: Тежок и исцрпувачки меч – малку фалеше да победиме!