Српскиот стратег Момир Илиќ од претстојното лето ќе биде тренер на бундеслигашот Вецлар и ќе го замени на клупата Франк Карстенс.
Илиќ по заминувањето од Веспрем паузираше од тренерската работа, беше поврзуван со повеќе клубови, имаше комбинација да биде селектор на Србија, но ништо од тоа не се реализира.
Србинот ја започна тренерската кариера во младинската екипа на Веспрем, потоа го водеше и првиот тим на унгарскиот гигант, а во престојот таму освои две шампионски титули, два трофеи во Купот, како и два трофеи во СЕХА лигата.
Македонската легенда Филип Миркуловски има договор со Вецлар до 2025 година, а дали ќе ја продолжи соработката и ќе биде дел од стручниот штаб на Илиќ останува да видиме.