Чешка повторно ќе има двајца селектори!

По СП 2025 од селекторската клупа во Чешка заминува Шпанецот Чави Сабате, а федерацијата ги избра наследниците.

Станува збор за Даниел Кубеш и Михал Бруна, кои и претходно го водеа националниот тим заедно со Јан Филип.

Сабате дојде во Чешка во 2022 година, ја исполни својата мисија и во иднина ќе се посвети само на клупските обврски во Висла Плоцк.

Чесите на СП 2025 ќе играат во тешка група со селекциите на Германија, Полска и Швајцарија.