Германската ракометна федерација ги одреди премиите за триумф на ракометарите на претстојното Светско првенство.
Ако станат светски шампиони, германските ракометари и стручниот штаб ќе поделат 500.000 евра.
Доколку освојат сребрени медали ќе добијат 350.000 евра, а премијата за бронза е 250.000 евра.
За пласман во полуфиналето, „панцирите“ ќе добијат 125.000 евра, додека за место во четвртфиналето тие ќе добијат 60.000 евра.
Дали парите ќе бидат поделени на еднакви делови меѓу сите или според учинокот на теренот, останува неизвесно.
Германија е во група со Швајцарија, Полска и Чешка.