Селекторот на машката репрезентација на Франција, Гијом Жил, ги одреди 18 патници на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
По двете пријателски средби со Португалија и Чешка, Жил се реши во Пореч да носи 18 ракометари, меѓу кои и Дика Мем и Елохим Пранди.
Но откако претходно се откажа од услугите на Јанис Лене и Кентан Мае, Жил сега мораше да го отпише и левото крило Уго Деска, кој не успеа навреме да го достигне посакуваното ниво за СП.
Франција е во група со Австрија, Катар и Кувајт, а трите најдобри од оваа група ќе вркстат со најдобрите три од групата каде што се Унгарија, Холандија, Македонија и Гвинеја.