Селекторот на машката репрезентација на Шведска, Микаел Апелгрен, за подготовките за настапот на Светското првенство 2025 дополнително повика нов играч.
Станува збор за искусниот Андреас Нилсон, кој за скандинавската селекција има одигра 154 меѓународни натпревари и постигнато над 340 погодоци.
Нилсон во последната фаза од подготвителниот период ќе биде замена за повредениот Макс Дарј.
Како што е познато, Дарј на вчерашниот пријателски натпревар против Исланд доживеа повреда на коленото и во следниот период ќе се знае дали ќе го пропушти Мундијалот.
Шведска е еден од ко-организаторите на Светското првенство 2025, а избраниците на Апелгрен во групната фаза ќе се соочат со Шпанија, Јапонија и Чиле.