Сабате заминува од селекторската позиција во Чешка

Шпанскиот стратег Чави Сабате по завршувањето на Мундијалот нема да го продолжи договорот со чешката федерација.

Сабате и раководството на чешката федерација се договорија за спогодбен прекин на договорот и ќе заокружи три години работа на клупата на Чешка.

Во позадината на оваа одлука стои полскиот првак Висла Плоцк, екипа која има високи амбиции и на домашна и на меѓународна сцена во иднина.

Сабате има договор до 2028 година со Висла и клубот сака да биде посветен само на работата на полскиот шампион.

Чешка за последен пат ќе биде предводена на СП 2025, а се наоѓа во тешка група со Германија, Швајцарија и Полска.