Македонија денеска на тест со Сесвете

Машката репрезентација на Македонија го одработува третиот дел од подготовките за настапот на СП во Хрватска.

По контролниот натпревар против домаќинот на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ќе тестираат со клубот Сесвете предводен од Игор Вори. Мечот стартува денеска од 18:00 часот.

Генералката пред стартот на Мундијалот, нашите ракометари треба да ја имаат на 12 јануари против селекцијата на Зеленортските Острови.

Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја на СП, а доколку обезбеди место во главната рунда ќе игра со најдобрите три од групата со Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Првиот меч на СП, Македонија го игра против Унгарија на 15 јануари.