Македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан е избрана за МВП на колото во турскиот шампионат.
По одличната партија за нејзиниот Ортахисар Трабзонспор на гостувањето кај Адасогаки, средниот бек се најде во идеалниот тим.
Ортахисар славеше на гости со 37-31, а Јанеска беше предводничка на победничката екипа со седум голови.
По завршувањето на гласањето, македонската репрезентативка немаше конкуренција и беше избрана за МВП.