Екс ракометар на Веспрем се сели во Русија

Според пишувањата на рускиот „Брз Центар“, левиот бек Иман Џамали, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Русија.

Поранешниот унгарски репрезентативец со иранско потекло ќе ги засили редовите на СКИФ Краснодар, а во рускиот клуб ќе се пресели од Ал Сафа.

Искусниот лев настапуваше и за екипите на Кристијанштад, Мешков Брест, Динамо Букурешт, Чеглед и Татабња.

Откако заработи повреда на Светското првенство 2019 паузираше неколку сезони, а својот камбек на терените го имаше во месец ноември, 2022 година.

Џамали во 2012 година направи трансфер од соништата и заигра за Веспрем, потоа неколку години подоцна доби и унгарско државјанство, па така во 2015 година стана унгарски репрезентативец.