Хрватскиот ракометен сојуз информираше дека сите билети за пресметката меѓу Македонија и Хрватска се продадени.
Повеќе од 5.000 билети за продадени и македонските репрезентативци освен ракометарите на теренот, против себе ќе ја имаат и публиката.
Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија е закажан за 20:15 часот, а пренос ќе има на хрватскиот канал РТЛ 2.
Македонија на 10 јануари ќе игра контролен меч против Сесвете, додека на 12 ќе го има последниот тест пред СП против Зеленортските Острови.
Нашата селекција е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.