ФОТО: Димитар Петковски

Екс пелистерецот Мараш направи трансфер од соништата – потпиша за ПСЖ

Поранешниот член на Еурофарм Пелистер и репрезентативец на Хрватска, Матео Мараш, од следната сезона ќе настапува во најбогатиот европски клуб ПСЖ.

Младиот десен бек  и раководството на „светците“ се договорија на соработка, која ќе биде со важност на две сезони, па така Мараш во ПСЖ ќе настапува најмалку до летото, 2027 година.

Хрватот, кој во Македонија започна да гради интернационална кариера, моментално го носи дресот на унгарскиот суперлигаш Татабања, а со своите фантастични настапи во последните три сезони го привлече вниманието на повеќе клубови.

Мараш во Битола дојде во ерата на Жељко Бабиќ и остави одличен впечаток, а по настапите во „Боро Чурлевски“ се пресели во Унгарија со Периќ, Секељ и Обрадовиќ.

На репрезентативно ниво ги мина сите младински категории на „каубоите“ и во последните години е стандарден репрезентативец во сениорскиот состав.