Куманово се засили со голман

Тимот на Куманово го промовираше шестиот нов ракометар и се засили со чуварот на мрежата Григор Трајковски.

Трајковски доаѓа од Автокоманда, каде ги бранеше головите на „сино-белите“ и на „витамините“ во младинските конкуренции.

Голманот ја започна својата кариера во Куманово, а потоа се пресели во Автокоманда каде собираше искуство.

Претходно Куманово го донесе кружниот напаѓач Стефан Лазаревски, средниот бек Лука Матачиќ, како и трио бразилски интернационалци.

Куманово ќе се бори за опстанок во елитното друштво и за таа цел го засилува тимот, а дваjца од актуелниот ростер ќе одат на позаjмици.