Норвешка без еден од најдобрите стрелци на СП!

Левото крило Александер Блонц нема да настапи за Норвешка на претстојното Светско првенство на кое е домаќин оваа скандинавска земја заедно со Данска и Хрватска.

Тој има повреда на коленото, а селекторот Јонас Виле веднаш го повика Аугуст Педерсон, кој ќе дебитира на големо натпреварување.

Покрај Блонц, уште од поодамна беше јасно дека на СП нема да игра десниот бек Харалд Рајнкинд, но Магнус Род е подготвен за настап за репрезентацијата после долго време.

Норвешка е во група со Португалија, САД и Бразил на СП, а пред стартот на Мундијалот ќе одигра пријателски средби на турнир во Шпанија, против Египет и Романија.