Репрезентацијата на Норвешка го одбрани златото на Европското првенство 2024, откако во финалето славеше над Данска со 31:23.
За Норвешка ова беше 10-ти златен медал на континенталните собири, додека за довчерашниот селектор Торир Хергеирсон 11-ти трофеј од големите натпреварувања.
Хергеирсон со Норвешка освои шест златни медали на Европските првенства (2010, 2012, 2014, 2016, 2020 и 2024), три златни медали на Мундијалите (2011, 2015 и 2021), како и две злата од Олимписките игри во 2012 и 2024.
Освен 11-те злата, во својата колекција на медали има уште по три бронзи и три сребрени медали.
Освен за Хергеирсон, штотуку завршеното ЕП беше последно за екс ракометарката на Вардар, Камила Херем, која реши да се посвети само на клупските настапи.
Норвешка покажа кој е главен во Европа – стигна до трето злато по ред!