Легендарната Индира Кастратовиќ денеска на гала-вечерта во Виена и официјално беше примена во „Куќата на славните“.
Популарната Инди зад себе има големи играчки резултати по кои ја препознава целиот свет како дел од репрезентацијата на Македонија и на Кометал ЃП.
Моментално, сѐ уште е активна во ракометните води и ја извршува функцијата директор на ЖРК Вардар.
Како што е познато, актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, од поодамна е член на „Куќата на славните“, па така тој беше присутен на денешната церемонија.