Охрид на силен турнир во Белград – ќе игра против Партизан и Нексе!

Амбициозниот тим на Охрид како дел од подготовките за пролетната полусезона во суперлигашкото друштво ќе игра на силен турнир.

Охриѓани ќе бидат дел од силниот меморијален турнир „Вук Рогановиќ“ што е закажан за 25 и 26 јануари во Белград.

Покрај домаќинот Партизан и македонскиот претставник, на турнирот ќе играат и српскиот Динамо Панчево и хрватскиот Нексе Нашице.

Турнирот ќе се игра во два дена, по принципот полуфинале и финале, а двојките ќе бидат познати пред турнирот.