Некогашна репрезентативка сподели убава вест: Елена Ливриниќ стана мајка

Некогашната македонска репрезентативка Елена Ливриниќ сподели убава вест на социјалните мрежи.

Таа и нејзиниот сопруг Стефан Митревски пред неколку дена станаа за првпат родители, откако се роди Тадеј.

Гордите родители примија многу честитки на социјалните мрежи за синчето, меѓу кои имаше многу од поранешните колешки на ракометарката.

Ливриниќ ја заврши кариерата во унгарскиот Сомбатељ, а во богатата и успешна кариера настапуваше во многу клубови.

Во Македонија долго време го носеше дресот на Металург, a голема трага остави во Романија, каде играше шест сезони од 2016 до 2022 година играјќи за Данубиус Галаци, Рапид Букурешт, Глорија Бузау и Слатина.