В среда започнува продажбата на билети за дербито во Битола

Овој викенд ќе бидат натпреварите од 15. коло од Супер лигата, а дербито на колото ќе биде во Битола.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе бидат домаќини на Вардар и ќе се обидат да им се реваншираат на „црвено-црните“ за поразот во Скопје.

Билетите за големото македонско дерби ќе бидат пуштени в среда, а спортската сала „Боро Чурлевски“ сигурно ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот.

На првата пресметка во Скопје оваа сезона, кога на клупите седеа Владо Недановски и Бранко Ангеловски, славеше составот на Вардар со 27-24.

Натпреварот меѓу двата најголеми ривали е закажан за 14 декември, со почеток од 18:00 часот.