Македонскиот репрезентативец Ненад Костески по осум месеци пауза се врати на ракометните терени.
Минатиот викенд против Струга, Костески заигра во Супер лигата, а беше во ростерот и на мечот со Висла Плоцк од Лигата на шампионите.
„Конечно по осум месеци пауза се вратив на терените фала му на Бога. Чувството е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, мојот клуб, моите соиграчи и сите останати за големата поддршка што ми ја даваа изминатиот период, а тоа ми значи многу. Продолжувам таму каде што застанав уште посилен“, вели Костески.
Тој се најде на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за настап на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.