Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 12. коло од прволигашката конкуренција славеa во Автокоманда кај младиот Мулти Есенс со 31:22.
Еурофарм Пелистер 2 во досегашниот тек од сезоната нема пораз, победи на сите девет натпревари и со 18 бода се наоѓа на лидерското место во групата А
Гостите од Битола победата ја најавија уште во првиот дел, на пауза заминаа со предност од 15:9 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Предводник кај Еурофарм Пелистер 2 беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојановски со 13 гола, а кај домаќините прво име беше Александар Стојков со девет гола.
Астраион пред својата публика успеа да го надигра Кичево, триумфираше со 37:28 (18:17).
Гостите од Кичево имаа сили само за едно полувреме, потоа во вториот дел домаќините успеаја да бидат подобриот ривал на теренот.
Победничката екипа беше предводена од Васе Наков со осум и Александар Цонев со шест гола, а кај Кичево се истакна Стефан Стефаноски со шест гола.